Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар четврта најдобра екипа според освоени бодови и напад, после пет одиграни кола во најсилните групи од ЛШ
РК Вардар четврта најдобра екипа според освоени бодови и напад, после пет одиграни кола во најсилните групи од ЛШ

РК Вардар четврта најдобра екипа според освоени бодови и напад, после пет одиграни кола во најсилните групи од ЛШ

После пет одиграни кола во најсилните групи од лигата на шампиони во машка конкуренција, составот предводен од Раул Гонзалес е четврти најдобар во овој дел од сезоната во најголемото натпреварување. Да не беше оној пораз во минатото коло од екипата на Загреб, црвено-црните ќе беа единствените непоразени со Барселона во лигата на шампионите.

Моментално тој примат му припаѓа само на поранешниот европски шампион, екипата на Барселона која и после пет одиграни натпревари има исто толку победи. Избраниците на Чави Паскал играат одлично во својата група А и веќе совладаа противници како Кил и Веспрем (дома), како и Фленсбург (гости). Покрај тоа ја имаат и втората најдобра одбрана во ЛШ, додека нивни најдобар  стрелец е Тунижанецот, Ваел Жалус со 26 постигнати голови. Втор на оваа листа е Македонскиот репрезентативец и капитен Кирил Лазаров кој зад своето име има 23 погодоци. Следниот можеби најголем предизвик за нив ќе биде гостувањето во Франција, против екипата на ПСЖ.

Токму тимот на ПСЖ предводен од Сердарушиќ е втор најдобар според бројот на освоени бодови. По 8 бодови, однсоно четири победи и еден пораз имаат екипите на ПСЖ, Киелце и Вардар, но шампионот на Франција има подобр гол разлика. Има повеќе голови постигнато од Вардар и Киелце, но малку послаба одбрана од црвено-црните. Вусшност тие го поседуваат и најефикасниот напад во двете најсилни групи. Најновото засилување, Уве Генсхајмер е нивни најефикасен играч со 36 голови, со кои се наоѓа на второто место на најдобри стрелци во ЛШ, додека втората најфолема опасност е младиот Недим Ремили со 26 погодоци.

Актуелниот европски шампион, екипата на Киелце според моменталната табела е третиот најдобар состав. Тие исто така во минатото коло беа изненадени пред својата публика и високо поразени од Рајн-Некар. Имаат идентична гол разлика со Вардар, но повеќе постигнати од нашиот шампион. Карол Билецки е најдобриот стрелец во оваа екипа со 28 голови, додека Шпанскиот репрезентативец, Агинагалде е втор со 21 постигнат гол. Воедно Киелце може да се пофали со вториот најдобар напад во лигата на шампиони.

Вардар е четвртата најдбра екипа според остварените резултати после пет одиграни кола. Имавме убава можност да бидеме тимот со стопроцентен ефект, но тимот на Загреб ни ја спречи таа радост. Иако имавме и највисоки пет голови рзлика, сепак на крај го изгубивме натпреварот и го изгубивме приматот на “непоразени“. Вардар исто така е четврти и според најмногу постигнати голови во двете најсилни групи. Што се однесува до бројот на погодоци, Дибиров и Душебаев се најдобри стрелци со идентични 23 голови. Во следното коло, кој е прогласен за натпревар на викендот се среќаваме со екипата на Киелце, во директен судир за првото место на табелата.