Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот со Киелце
Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот со Киелце

Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот со Киелце

После кратката пауза поради квалификациските натпревари за европското првенство во Хрватска, екипата на РК Вардар се враќа на настапите во лигата на шампиони. Во сабота не очекува дерби со екипата на Киелце, тоа ќе биде натпревар на првите две пласирани екипи во најсилната група Б. По тој повод клубот ќе одржи прес-конференција во пресрет на овој меч. Истата ќе се одржи во четврток од 11 часот во прес-конференциската сала на спортскиот центар Јане Сандански.

Натпреварот со Киелце се игра во сабота од 17:30 часот и истиот е прогласен за натпревар на колото во лигата на шампиони.