Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор во петок го пречекува РК Пелистер. МТВ со директен пренос од “Кале“
Вардар Јуниор во петок го пречекува РК Пелистер. МТВ со директен пренос од “Кале“

Вардар Јуниор во петок го пречекува РК Пелистер. МТВ со директен пренос од “Кале“

Викендов на програмата во машката Супер ракометна лига е деветтото коло од сезоната 2016/17. Во истото се игра “дерби“ пресметката во која младиот црвено-црн ракометен колектив РК Вардар Јуниор го пречекува битолски РК Пелистер. Мечот со битолчани ќе се игра во петок, 11-ти ноември.

Натпреварот повеѓу избраниците на Стојан Петрушевски и зелено-белите ќе се игра во спорско рекреативниот центар “Кале“ со почеток во 18-00 часот. Македонската радио и телевизија која врши преноси од машката Супер лига се одлучи токму овој меч да го “сработи“ низ директен пренос. Дуелот ќе го пренесува на својот собраниски канал, вклучувањето во “Кале“ ќе биде пет минути пред почеток на дуелот. Коментатор на истиот ќе биде Југослав Костовски. Биточлани се третопласирана екипа во досегашниот дел од првенството тие по осум кола освоиа 16 бода колку што има и другиот тим од Битола новајлијата во лигата Еурофарм Работник, а првопласиран е Охрид со 19 бода. Јуниор годинава претрпе подмладување, во тимот се прекомандуваа десетина млади играчи од РК Вардар-2 заедно со кормиларот Петрушевски. На нашиот тим мисијата му е собирање на искуство во најсилната лига за младите момци, ние со четири бода сме предпоследни на табелата. Во следното коло кое ќе се игра најверојатно следната среда домаќини сме на другиот пелагонски тим, екипата на РК Прилеп 2010.