Вардар запиша голема победа, втора во низа и тоа без четворица стандардни играчи. Творци на оваа победа денес беа Цветаноски, Петковски и Илиќ кој одбрани пенал на гостите.
Крајно сиромашно прво полувреме со шанси имавме денеска. Не видовме 100% шанса на двете страни. Се играше тврдо, со иницијатива на двете екипи, на Вардар на почетокот и во финишот на првиот дел. Во првиот дел кај Вардар беше за одбележување шансата на Попзлатанов на средина на првиот дел, кој биеше од 12-сетина метри, а голманот на гостите го скроти ударот. Тоа беше се од Вардар во првиот дел, а и гостинот беше ист.
Вториот дел започна одлично за Вардар. Се играше 51.минута, Петковски со асистенција до Цветаноски, кој од пет метри бие под нозете на голманот на гостите за 1:0. По голот, следуваше и пенал за противникот. Петровиќ направи чист пенал. За среќа на Вардар, Илиќ со одлична парада спречи гол и изедначување на Стоилов. Во 67. минута, Попзлатанов не искористи 100% шанса. Сам пред голманот на противникот, го помина, но биеше млако и Димов од гол линијата спречи 2:0. Во 75. минута, црвен за Димов, откако соборен беше Попзлатанов на 15 метри од голот на гостите. До крајот на дуелот, А.Пандев немаше сили со играч помалку, а Вардар зголеми на 2:0 во 83.минута со голот на Петковски со глава по одлична асистенција на Лазаревиќ. Со овој резултат и заврши дуелот.
Фото: Кочо Сотировски