Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар излегоа како победници на дуелите со Брегалница
Пионерските екипи на ФК Вардар излегоа како победници на дуелите со Брегалница

Пионерските екипи на ФК Вардар излегоа како победници на дуелите со Брегалница

Пинерските екипи на ФК Вардар денес беа гости во Штип, на екипата на Брегалница, на натпревари од 5.коло во двете пионерски супер лиги. На двата натпревари успеавме да издвојуваме победи.

Помладите пионери на Вардар стигнаа и до петтата последователна победа сезонава, откако го победија тимот на Брегалница. Избраниците на Драган Стефановски победија со резултат 1:2 и тоа со резултатски пресврт.

По првото полувреме резултатот беше нерешен 1:1. Двата гола паднаа во последните пет минути од првите 45 минути, Екипата на Брегалница прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 во 40 минута од дуелот, но нашиот капитен, Никола Величковски со гол во 44 минута донесе израмнување на резултатот. Во вториот дел имавме доминација и поголем посед на топка, создадовме неколку шанси, од кои една ја претворивме во погодок. Се играше 81.минута кога Горјан Цветков ја затресе мрежата на штипјани и донесе три бода.

ФК Вардар: Апостоловски, Фидановски, Здравкоски, Стојилевски, Јованоски, Спасиќ, Величковски (К), Цветков, Курти, Таневски, Дошев.

Во игра влегоа уште и Кулуковски, Кузмановски и Ристовски.

До победа стигнаа и пионерите на Вардар, кои ја прекина серијата од два последователни порази. Момците на Рап-Тап денес беа одлични и славеа убедлива победа со резултат 0:3. Во првиот дел домашниот тим одолеваше на нашите напади, па по првите 45 минути резултатот беше оној почетниот 0:0.

Во вториот дел имавме подобра реализација, период во кој ги постигнавме сите голови. Со голот на Теодор Перковски во 53 минута го отворивме резултатот и поведовме со 0:1. Во 78 и 80 минута за наша победа голови постигнаа Горазд Попов и Левент Ибраим.

ФК Вардар: Ангелов, Каровски, Анчевски, Јаневски, Милошевски, Љушев К), Хајдари, Ибраим, Здравковски, Попов, Перковски.

Во игра влегоа и Ричков, Ивановски, Мишовски, Петровски, Веселинов и Туша.