Има една песна на навивачката група ,,Комити”: Игра магично, магично, Вардар игра фантастично! Е токму со оваа песна може да се опише моменталната игра на актуелниот првак на Македонија, Вардар.
Овој фудбал кој го игра ,,четата” на Александар Васоски наликува на оној фудбал што го играше Вардар минатата сезона кога силно чекореше кон шампионската титула. Денес, можевме само да уживаме во фудбалската претстава на вардарци. Иако во тимот недостасуваат четворица стандардни играчи, ,,црвено – црните” уште еднаш покажаа дека се најопасни кога се ,,ранети”.
Вардарци на попладневниот дуел можеа да постигнат четири до пет погодоци комотно, доколку ги искористеа сите шанси, а имаа две 100% (оние на Попзлатанов и младиот дебитант Стојчевски). Денес, не може да се издвои еден фудбалер кои што одигра слабо… Од голманот Илиќ кој одбрани пенал, до целата одбрана, па до срединиот ред, младиот Стојчевски и феноменалното трио напред кои одиграа одличен натпревар!
Во овој момент можеме само да уживаме и да ја пофалиме играта на овој млад Вардар воден од перфектниот Васоски, кој продолжува и оваа сезона да ја воодушевува ,,црвено – црната” армија на навивачи.
Фото: Кочо Сотировски