Екипата на фудбалскиот клуб Вардар со победа ја стартуваше новата сезона во ВМФЛ. Попладнево црвено-црните гостуваа во Чегране кај екипата на Арсими. Минимален триумф од 0:1, вреден три бода за избраниците на Бобан Грнчаров.
Вардар бил подобриот тим на овој натпревар, имал теренска иницијатива и на крајот сосема заслужено ги освои бодови. Според шансите, нема да било незаслужено ако стигневме до повисока победа. Клучниот момент се случи во 51 минута кога мрежата на Арсими ја затресе, Дарио Десниќ. Вардар имаше прилики и преку Попзлатанов, Христов, Парталко и Десниќ, додека во еден наврат одлична интервенција имаше Гачевски. Поради два жолти картони, исклучување доби стрелецот на голот, Дарио Десниќ, што значи дека ќе го пропушти следното коло.
Во рамките на 2.коло, Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на ГФК Охрид.