Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар загуби од Татран и го освои 4.место на струшкиот турнир
Вардар загуби од Татран и го освои 4.место на струшкиот турнир

Вардар загуби од Татран и го освои 4.место на струшкиот турнир

Екипата на Вардар го освои 4.место на турнирот, откако во малото „финале“ беше поразена од Татран Прешов, Шампионот на Словачка триумфираше со резултат 26:24.

Вардар добро го започна натпреварот, благодарение на неколку последователни одбрани н Томовски, нашиот Шампион се стекна со предност од 1:5 по 6 минути игра. Откако Томовски одбрани пенал, Лазаревски реализира, што беше знак за тренерот на Татран Прешов да повика минута одмор. Манасков донесе и водство од 1:6, но како одминуваше првото полувреме, противникот постепено ја топеше негативата, за во 24 минута за прв пат да поведе со 13:12. До крајот на првиот дел, момците на Недановски ја вратија предноста, откако Атанасовски погоди за резултат 15:16 на полувреме.

Екипата на Татран во вториот дел одржуваше предност од 1-2 гола разлика. Вардар имаше прилики да го внесе натпреварот во неизвесност, но пропушти неколку напади за израмнување на резултатот. До крајот противникот го задржа водството и славеше триумф со резултат 26:24.

Карапалевски и Атанасовски постигнаа по 4 голови, Томовски имаше 7, додека Гогов 6 одбрани.