Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2005 се врати на победите, совладана убедливо екипата на Њу Старс
Вардаровата генер. 2005 се врати на победите, совладана убедливо екипата на Њу Старс

Вардаровата генер. 2005 се врати на победите, совладана убедливо екипата на Њу Старс

Вардаровата генерација 2005 се врати на победите во регионалната-скопска лига, откако денес на теренот на Академијата убедливо ја совладаа екипата на Њу Старс, со резултат 4:0

ренерот Петковски стартуваше со следниве 11-сетмина: Илиевски, Галевски, Кулуковски, Таневски, Јакимовски, Сековски, Спасиќ, Цветков, Коловски, Величковски (c), Гаштаров.

Вардарци доколку беа посконцентрирани во завршниот удар можеа уште на полувреме да го решат прашањето околу победникот на овој натпревар. Првата прилика ја имавме преку капитенот Величковски  кој после нафрлена топка од корнер на Гаштаров, биеше со глава но одбрани голманот на Њу Старс.

2

Голема прилика за отварање на резултатот имавме преку Стефан Коловски кој од само пет метри не успеа да го совлада противничкиот чувар на мрежата, откако топка во противничкиот шеснаесетник додаде Цветков, која стигна до Коловски кој направи се фудбалски, но за среќа на гостинската екипа нивниот гол беше на вистинскоот место па успеа да го скроти ударот. Њу Старс беше потиснат на својата половина и речиси да не го поминаа центарот. Вардар наметна силно темпо, па често се наоѓаше во шанси да го загрози голот. Таква беше ситуацијата кога после нафрлена топка од корнер, Таневски имаше две можности да постигне гол, но и во двата удари, одбрани голманот. Се обиде и Цветков, но повторно чуварот на мрежата на гостите го одбрани ударот. Конечно погодуваме после безброј шанси, стрелец на голот е Величковски, откако доби одлична топка од Гаштаров кој продре од десната страна и додаде до Величковски кој немаше проблеми да ја смести топката во мрежата, за предност од 1:0.

1

Во следниот период во шанси се најдоа Сековски и Галевски, но резултатот остана 1:0. Голема прилика и за Гаштаров, кој се најде во добра ситуација, но одбрани повторно противничкиот голман. Се она што претходно го пропуштивме го реализира Горјан Цветков кој погоди од голема далечина, со прецизен удар кој заврши во мрежата, за на полувреме да имаме посигурна предност од 2:0.

Први измени направи тренерот Петковски на стартот од вториот дел. Во игра се Филевски и Уневски, на местото на Илиевски и Сековски. Њу Старс ја имаше првата посериозна прилика на овој меч, кога направија добра акција од левата страна, за наша среќа топката заврши покрај голот. Нововлезениот Уневски успева да се запише во листата на стрелци, откако направивме одлична акција по десната страна, која ја претвараме во гол за предност од 3:0. Во игра се и Антевски, Јовановски и Коневски, на местото на Галевски, Коловски и Величковски. Вардар имаше најголем дел од играта и во вториот дел, едноставно доминиравме на теренот, додека Њу Старс беше целосно немоќен. Го зголемуваме резултатот и на 4:0, откако погоди Кристијан Таневски со глава, после нафрлена топка од корнер.

3

Денес шанса за настап добија сите играчи, така на теренот ги видовме и Калановски и Стефановски, кои ги заменија Цветков и Јакимовски. Шанса имаше и нововлезениот Јовановски кој бие силно, но сам над голот на противникот. Голема прилика имаше и Антевски, откако од десната страна топка додаде Гаштаров, но Антовски не успеа да погоди од еден метар, откако голманот му влезе во шутот и спречи поголема негатива за својата екипа. До крајот на мечот имавме уште една голема прилика преку Уневски кој шутираше откосо од десната страна само во пречката, како и обидот нов на Јовановски, кој до одбрани голманот. Интервенција имаше и нашиот голман Филевски. На крајот заслужена победа за Вардар од 4:0.