Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > БРАВО ХЕРОИНИ! ПРВПАТ СТРУЖАНКА СО НАВЕДНАТА ГЛАВА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН, 11КИ ЗА ТРПЕВСКА И ГРУЈОВСКА, ВАРДАРКИ ГО РАЗНЕСОА РИВАЛОТ
БРАВО ХЕРОИНИ! ПРВПАТ СТРУЖАНКА СО НАВЕДНАТА ГЛАВА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН, 11КИ ЗА ТРПЕВСКА И ГРУЈОВСКА, ВАРДАРКИ ГО РАЗНЕСОА РИВАЛОТ

БРАВО ХЕРОИНИ! ПРВПАТ СТРУЖАНКА СО НАВЕДНАТА ГЛАВА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН, 11КИ ЗА ТРПЕВСКА И ГРУЈОВСКА, ВАРДАРКИ ГО РАЗНЕСОА РИВАЛОТ

Велат кога “темпирана бомба“ ќе експлодира нејзината моќ е засташувачка, се крај себе разнесува. Дамите на ЖРК Вардар имаа лоша серија, редеа порази иако се бореа и бореа без престан, а радоста ги одминуваше. Сепак дојде денот да ја покажат црвено-црната вардаpова моќ, по серија од порази гостувавме кај Стружанка тимот за кој никој оваа сезона не можеше да се пофали дека на нивни терен ги испратил во соблекувално со “наведнати глави“. Дојде тимот на Симовски, Ристова и Царчев и им покажа како изгледа токму тоа.

“Стража“ местото каде вардарки секогаш “полнат“ енергија пред гостување или слават триумф

“Стража“ местото каде вардарки секогаш “полнат“ енергија пред гостување или слават триумф

Вардарки денес покажаа зашто се лавици, девојки со големи срца не триунфираа минимално или на среќа туку газеа од минута во минута често држејќи го противникот на “долг ланец“ односно на двоцифрена предност. Уште во воведните минути им покажавме “заби“ на ривалките, во одбрана затворивме, Грујовска не даваше да биде совладана, а во напад Мими Петковска, Седловска и двапати Фани Ѓорѓиевска погодуваа. Машината газеше од минута во минута, сите девојки играа на ниво. Во одбраната успеавме да ги спуштиме на 8.гола во првиот дел противничките. На одморот беше 8-19. Грујовска беше клучен еленмент со кој го откажа ривалот, таа толку пожртвувано бранеше што не го штедеше ни лицето, па мораше по примен удар да замине во 25.минута на клупа. Илиќ ја замени која исто така фати пенал и добро го почна во вториот дел пред Грујовска да се врати во игра повторно и да продолжи со нејзиниот перформанс.

c
Дуелот реално беше решен по 30.минути ракомет, сепак требаше да се одиграат и вторите 1.800 секунди. Вториот дел го започнавме со нов гол и предност од 12 гола повеќе, Седлоска отвори си погодок за 8-20. Веќе се беше решено, ние имавме одлична игра, противникот не можеше да не стигне. Денес левите крила дадоа дури 17 гола, Трпевска Ивона блесна со 11 погодока, а Фани Ѓорѓиевка беше одлична со 6 откажувајќи го ривалот. Умешно ја чувавме предноста над двоцифрената граница, така и победивме со 10 гола повеќе во мрежата на ривалот. Резултатот беше 24-34 на крајот. Големи честитки за Симовски и Царчев кој денес од клупата маестрално го компонираа тимот, благовремено вршеа измени, и го одржуваа ритамот на екипата. Голема победа која покажа дека има квалитет кај нас, и дека она што се случуваше изминатиот период беше само лош склоп на околности.

Стручниот шраб- Симовски и Царчев кои денес ги водеа девојките до победа и Божиновска “чуварот“ на нивното здравје

Стручниот штаб- Симовски и Царчев кои денес ги водеа девојките до победа и Божиновска “чуварот“ на нивното здравје

Кога сме кај најуспешните девојки денес се истакнаа две кои имаат двоцифрен ефект, односно 11-ки зад своите имиња. На голот одлична партија за Симона Грујовска кога го откажа ривалот иако мораше да мине дел од мечот на клупа поради храбрата одбрана со лице, крилото Трпевска Ивона покажа завидно ниво на игра, таа ги “решеташе’ стружанки со дури 11 гола. Две девојки имаа по шет гола, крилото Стефанија Ѓорѓиевска која имаше криза денес  покажа класа и погоди 6 пати колку и бекот Седлоска Андреа. Другиот голман Илиќ даде допринос во триумфот со 5 успешни одбрани. “Робуносниот “ бек Милица Николиќ стрелаше три пати, а пак  двапати прецизна беше секогаш храбрата Ана Марија Коларовска.