Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > „Петарда“ во мрежата на Њу Старс, ФК Вардар генер. 2004 се врати на врвот во регионалната-скопска лига
„Петарда“ во мрежата на Њу Старс, ФК Вардар генер. 2004 се врати на врвот во регионалната-скопска лига

„Петарда“ во мрежата на Њу Старс, ФК Вардар генер. 2004 се врати на врвот во регионалната-скопска лига

Генерацијата 2004 на ФК Вардар се врати на победничките патеки, откако на домашен терен ја совлада екипата на Њу Старс и тоа убедливо со резултат од 5:0.

Тренерот Ѓоргиески стартуваше со следните 11-сетмина: Ангелов, Павлески, Љушев, Каровски, Јаневски (c), Ибраим, Идризи, Гуџуфи, Анчевски, Хајдари, Серафимов.

2

Вардар многу бргу успеа да обезбеди водство од 2:0, уште во првите 7 минути од мечот кога два мајсториски гола постигна Левент Ибраим. Црвено-црните има голем посед на топка во првиот дел, создаваа шанси и имаа можност да постигнат уште некој гол. Обид имаше и Идризи, кој бие, но одбрани голманот на Њу Старс. Во следниот период во нова шанса за погодок се најде Левент Ибраим, кој бие со глава после нафрлена топка од Анчевски, но брани гостинскиот голман. Њу Старс успешно се бранеше, па не ни даде можност за посериозна прилика до крајот на првиот дел. За одбележување е обидот на Павлески од прекин, но топката заврши покрај голот.

1

Првата шанса во второто полувреме ја имаа гостинската екипа, но одлично одбрани Ангелов и спаси гол во нашата мрежа. Црвено-црните успеаа да го зголемат резултатот на 3:0, откако беше направен прекршок во противничкиот шеснаесетник, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше вардаровиот капитен, Игор Јаневски. Измена во нашите редови, на местото на Хајдари, во игра е Ѓорѓи Дошев. Нова одлична акција на Вардар, која во гол ја круниса токму нововлезениот Дошев, кој доби топка од Гуџуфи, шутираше и ја погоди противничката мрежа за веќе убедливи 4:0 на овој меч.

4

Нови измени направи тренерот Ѓорѓиески, во игра влегоа Попов и Перовски, на местото на Павлески и Гуџуфи. Имавме контрола на играта и рутински го одработивме остатокот од натпреварот. Нов обид за Левент Ибраим, но топкат оди над голот, а истиов играч имаше голема прилика за хет-трик, но не му успеа. Се играше акција од десната страна кога Горазд Попов се ослободи од неколку противнички играчи, ја уфрли топкат на која стигна Ибрим, кој пружи нога, но во последен момент, еден од противничките играчи ја исфрли топката речиси од гол линијата и спаси поголема негатива.

3

Минути на овој дуел добија сите играчи, кои мечот го започнаа од клупата. Во игра ги видовме и Ѓорѓиевски, Стојановски и Стоимов. Токму Теодор Перковски беше играчот кој го постигна последниот гол на овој дуел и ги постави конечните 5:0 на овој натпревар од регионалната-скопска лига.

5

Со овој триумф, вардарци се вратија на врвот во лигата со два бода повеќе од екипата на Работнички.