Руската информативна агенција (Риа Новости) му направи интервју на Дибиров веднаш по новата титула со Вардар во СЕХА, па го прашаа руското крило како Македонците реагираат на големата руска дијаспора во Вардар, сооглед дека „црвено-црните” се најрускиот клуб надвор од Русија.
„Македонците веројатно се малку љубоморни. Кога имате само двајца Македонци во тимот, а пет Руси, тоа може да предизвика љубомора. Но, професионалниот играч нема националност. Од друга страна убав е што сме повеќе Руси бидејќи тоа помага во делот на прилагодувањето“, рече Дибиров.
- Целото интервју можете да го проследите ТУКА.