Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за ФК Вардар генер.2007 на средбите од детската лига
Победа и пораз за ФК Вардар генер.2007 на средбите од детската лига

Победа и пораз за ФК Вардар генер.2007 на средбите од детската лига

Победа и пораз денес остварија момците на ФК Вардар генерација родени 2007 на дуелите во детската лига.

ФК Вардар-1 со високи 8-1 во првата средба во која доминираше во средбата со ФК Беса. Тргнавме офанзивно уште на самиот почеток, први две прилики ги имавме преку Борјан Томовски. Рано отворивме со погодок на Милош Спасовски кој погоди за 1-0.  Големи две прилики пропушти за наше водство Стефан Младеновски, во првата голманот одбрани, а во вториот со глава шутна над гол. Противникот се закани, сепак на нашиот гол Лука Јаневски беше одличен. Првиот дел го добивме со 2-1.

q3

Во вториот дел доминиравме во целост, црвено-црните момци на Спасевски Филип успеаа да погодат дури шест пати. Противникот немаше сили да се спотистави, ретко се закануваше и кога го правеше тоа на нашиот гол на ниво на задачата беше Антонио Пишовски. За нас стрелаа пет различни момци, по еден гол имаа  Борјан Томовски и Стефан Младеновски. Тројца играчи на овој тим погодија по два пати, станува збор за Милош Спасовски, Александар Грашевски и Јулијан Битиќи.

ff3

Екипата на ФК Вардар-2 се сретна со тимот на ФК Работнички во оваа средба забележавме пораз. Противникот успеа да не надигра и да не совлада со четири предност. Победата за црвено-белите дојде со резултат 4-0 на оваа втора средба за оваа генерација денес во детската лига.