Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Данинис Кристопанс покрај МВП беше и најдобар стрелец како и асистент на Ф4 турнирот, тој е играч и со најмногу настапи во СЕХА-лигата
Данинис Кристопанс покрај МВП беше и најдобар стрелец како и асистент на Ф4 турнирот, тој е играч и со најмногу настапи во СЕХА-лигата

Данинис Кристопанс покрај МВП беше и најдобар стрелец како и асистент на Ф4 турнирот, тој е играч и со најмногу настапи во СЕХА-лигата

Даинис Кристопанс го доби признанието за МВП на завршниот турнир во Брест, на кој Вардар го освои првото место. Покрај тоа што доби награда за најкорисен играч, летонецот беше и најдобар стрелец на Ф4 турнирот со 12 постигнати голови, додека имаше и најмногу асистенции, вкупно 13 на двата завршни одиграни натпревари.

Летонскиот „џин“ во редовите на Вардар може да се пофали и со податокот дека е втор најдобар стрелец на сите времиња во СЕХА-лигата, со вкупно 642 голови, како и со најмногу настапи во ова натпреварување, вкупно 145 одиграни натпревари зад неговото име. Кристопанс ја игра својата втора сезона во редовите на Вардар, клуб со кој има договор до 2020 година, по што ќе се пресели во екипата на ПСЖ.