Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Голема победа за кадетите на ФК Вардар, кои со резултатски пресврт го добија дербито со Шкупи
Голема победа за кадетите на ФК Вардар, кои со резултатски пресврт го добија дербито со Шкупи

Голема победа за кадетите на ФК Вардар, кои со резултатски пресврт го добија дербито со Шкупи

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до многу важна победа во рамките на десеттото коло во првенството на младинските категории. Избраниците на Влатко Колев  со три бода се враќаат од гостувањето. Стрелец на головите беа Александар Трајчевски и Никола Серафимов со удар од белата точка.

Интересен натпревар денес на теренот во Пржино, но храбрите на крајот ги следи среќата. Екипата на Шкупи прва го отвори резултатот и поведе со 1:0 во 9 минута од мечот. Сепак до крајот на првиот дел успеваме да го израмниме резултатот на 1:1, со голот од белата точка на Александар Трајчевски во 25 минута од дуелот. Во второто полувреме, црвено-црните имаа комплетна иницијатива на теренот и постојано го напаѓаа голот на противникот. Најубават прилика за водство ја имаше Дејан Маркоски кој промаши зицер удар. Сепак истиов играч во 85 минута беше фаулиран во противнилкиот шеснаесетник, по што судијата покажа на белата точка. Тренерот Колев реши да го смени играчот кој повторно ќе изведува пенал. Оваа улога му ја даде на Никола Серафимов кој смирено погодува за водство од 1:2. Стрелецот на победничкиот гол за само една минута добива два жолти картони, со што му беше покажен патот кон соблекувалната. Сепак тоа беше помалку значајно во тие моменти. Само минута подоцна судијата отсвири крај на мечот. Резултат конечен гласеше 1:2. Ова беше голем триумф и многу важни три бодови за Вардар за проолжување на борбата за титулата. До пред ова коло заостанувавме само три бода зад екипата на Работнички.

Тренерот Колев го започна натпреварот во следниот состав: Зибери, Џуклески, Јордановски, Серафимов, Стојчевски, Дишлиевски, Кировски, Малески, Трајчевски, Стоименов, Абдулхади.