После стартната победа во првото коло против екипата на РК Пролет 62, кадетите на Вардар денес во салата “Кале“ во рамките на второто коло беа домаќини на екипата на РК Бисинов. Црвено-црните кадети беа поуспешен колектив во овој дуел и однесоа висока победа со резултат 31-21.
Првиот дел го отворивме со погодок за предност од 0-1, по што следуваа два последователни погодоци за Бисонов кој го презема водството со 1-2. Со голот на Стојчевски Христијан изедначивме на 2-2 во 5 минута и од тој момент повеќе не бевме во негатива на овој дуел. Следуваше серија 3-0 за нас и поведовме со комотни 5-2 во 10 минута од дуелот. Госттите намалија на 5-3 по што следуваше “пекол“ за нив. Момците на вардаровиот кадетски состав прават серија со која го “кршат“ противникот, ние успеваме да направиме серија 8-1 поведувајќи со 13-4. По ова клупата на гостинскиот состав односно нивниот тренер Бисинов Никола побара минута одмор. Тоа малце ја стабилизираше нивната игра и до крајот влегоа во игра гол за гол. На одмор идеме со десет гола предност, односно со резултат на семафорот во “Кале“ од 16-6 во корист на црвено-црните. Во првиот дел голем “кривец“ за нашата серија е нашиот одличен голман Кизиќ Марко кој имаше двоцифрен број на одбрани.
Вториот дел тренерскиот двоец Чивлачки-Грчевски го започна со неколку измени, на голот на место на Кизиќ, мечот во вториот период од 30 минути го стартуваше Тушев Александар. Во 35 минута поведовме со дотогаш највисоки 12 гола предност, со голот на Мисаилески поведуваме со 21-9. Во следните пет минути игра гол за гол на двете страни, нашиот противник успева да намали еден гол, резултатот во 40 минута е 23-12 за црвено-црните. Следуваше серија 4-1 за црвено-црните кадети, со која во 46 минута поведовме со 27-13, пошто клупата на РК Бисинов побара мината одмор поради дополнителни консултации. На голот тушев му го остапува местото на Брунчевиќ. Тоа резултираше со подобрување на нивната игра во наредните минути, тие намалуваат три гола од нашата предност. Со серија 2-5 во 52 минута намалија на 29-18, сепак до крајот нема многу време и прилика за нив на овој кадетски дуел. Во следните пет минути вардарци играа мирно трошејќи го остатокот од времето, по два гола постигнаа двете екипи и во последните три минути се влезе со предност од 11 гола за нас, 31-20. Овој дуел заврши со наша победа со резултат 31-21. Најефикасен на мечот беше Милошески Христијан со 6 гола, со пет гола втор стрелец беше Стојчески .
Вардар: Брунчевиќ, Игнов-4, Динев-2, Миланов-3, Нанов-2, Милошески-6, Манев-2, Тушев, Бикоски-1, Кизиќ, Олтовски-1, Стојановски-1, Мисаилески-3, Радуловиќ-1, Стојчески-5.