Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Седум голови во мрежата на Њу Старс, од Вардаровата генер. “2002“ во денешното коло од регионалната лига
Седум голови во мрежата на Њу Старс, од Вардаровата генер. “2002“ во денешното коло од регионалната лига

Седум голови во мрежата на Њу Старс, од Вардаровата генер. “2002“ во денешното коло од регионалната лига

Вардаровата генерација родени “2002“ година стигнаа до шестиот триумф во рамките на регионалната лига, откако денес беа подобри од екипата на Њу Старс. Црвено-црните беа убедливи на овој меч, забележувајќи победа од 7:0.

Првиот шут беше кон нашиот гол. Од слободен удар се обиде капитенот на Њу Старс, кој бие покрај голот на Величковски. Врати Леонид Игнатов со прва можност за Вардар, но шутираше далеку од голот на противникот. Сепак во четвртатата минута од дуелот успеваме да поведеме со 1:0. Голема грешка на дефанизвната линија на Њу Старс, тоа умешно го искористи Азер Омерагиќ кој ја одзема топка и успешно стрела за отварање на резултатот. Имавме можност набргу да го зголемиме резултатот, но неуспешн од скратен корнер беше Игнатов, кој биеше покрај голот на Њу Старс. Нова прилика за погодок имаше Дамјан Трановски кој биеше од слободен удар, само во рацете на противничкиот голман. Со голот на Леонид Игнатов успеваме да го зголемиме резултатот на 2:0. Удар кон нашиот гол, но Величковски присебен ја прифаќа топката во своите раце. Во продолжение од мечот удар од белата точка за Вардар, откако претходно во противничкиот шснарсетник беше фаулиран Крстевски. Сигурен реализатор беше капитенот Трајановски за водство од 3:0. Вардар продолжи со офанзивната игра што резултираше со нов гол во мрежата на противникот. Прв гол на овој меч зад името на Атом Фазлиу кој погодува за водство од 4:0. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

14915473_1684368675207516_1862388232255993781_n

На стартот на второто полувреме успеваме да постигнеме нов гол во мрежата на Њу Старс. Стрелец на петиот погодок за водство од 5:0 беше дело на Фисник Салиу кој денес одигра одличен натпревар. Први замени во редовите на Вардар. Од игра излегоа Костовски, Фазлиу, Трајановски и Петејчук. На нивно место во игра влегоа Пешовски, Вржалковски, Речица и Шабани. Прв гол на овој меч за Харбин Речица, за веќе убедливи 6:0 на овој натпревар. Нов гол во мрежата на Њу Старс за водство од 7:0. Стрелец на голот е Азер Омерагиќ, по нафрлена топка од Филип Симев. На голот се направи замена, на местото на Величковски во игра влезе Сејди Бајрами, кој забележа две одлични интервенции.  Последен обид имаше Харбин Речица од слободен удар, но со крајни напори противничкиот голман успева да спречи поголем пораз. На крајот резултатот гласеше 7:0 во корист на Вардар.

14908218_1684368678540849_6323269995640587068_n

ФК ВардарВеличковски, Костовски, Ѓурковски, Ѓорѓиевски, Крстевски, Трајановски, Петејчук, Игнатов, Фазлиу, Салиу, Омерагиќ.