Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Прв пораз за младинците на ФК Вардар, Шкупи подобар од црвено-црните
Прв пораз за младинците на ФК Вардар, Шкупи подобар од црвено-црните

Прв пораз за младинците на ФК Вардар, Шкупи подобар од црвено-црните

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар го доживеаа првиот пораз во лигата, откако денес во рамките на претпоследното есенско коло беа совладани од екипата на Шкупи. Овој меч се одигра на теренот во Пржино и заврши со минимална победа на Шкупи со резултат 1:0. Голот беше постигнат во 72 минута од натпреварот, дело на Агушиевски.

Ова беше прв пораз за избранциите на Љупчо Марковски, после серија од девет последователни победи. И покрај поразот остануваме на првото место на табелата. При 0:0 нашиот состав имаше неколку шанси прв да го отвори резултатот, но за жал без реализација.

ФК Вардар: Трајчевски, Тодоровски, Ричков, Исмаил, Личина (капитен), Димков, Додевски, Беќири,  Димитровски, Даци и Стојчевски.