Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар СЦЈС дојдоа до првата победа во лигата, “демолиран“ Делчево со 46 гола
Младинките на Вардар СЦЈС дојдоа до првата победа во лигата, “демолиран“ Делчево со 46 гола

Младинките на Вардар СЦЈС дојдоа до првата победа во лигата, “демолиран“ Делчево со 46 гола

Денес во С.Р.ц “Кале“ младинките на Вардар СЦЈС го одиграа  третото коло во лигата. Тие беа  домаќини на екипата на Делчево. На истиот стигнавме до победа со високи 46-28, ова беше наш прв триумф по  нерешениот резултат против Металург и поразот од Ѓорче.

uu

Мечот го почнавме фуриозно со серија 4-0 на почетокот, нашиот голман Јована Мицевска ја “спушти ролетната“, а девојките во нападот немилосрдно казнуваа. Првиот погодок за делчевки дојде дури во 5 минута кога успеаа по нецели 300 секунди да погодат првпат во нашата мрежа и намалија на 4-1. По овој гол следуваше нова “голеада“ на црвено-црните постигнувајќи 11 гола, а примаме само 3. Поведуваме со високи 15-4 односно прв пат идеме на “плус единаесет“. До крајот на првиот дел константно ја зголемувавме предноста, на полувреме одиме со предност од 25-9 на семафорот во “Кале“. Првиот дел го добивме високо благодарение на цврстата одбрана на црвено-црните, а на голот одлична беше и Мицевска која забележа шест одбрани од кој еден пенал.

uu2

Тренерскиот двоец се одлучи да направи неколку измени на почетокот на вторите 30 минути, меѓу кој од игра ја повлече одличната Јована Мицевска, а на голот застана Кицевска Слободанка. Вториот дел го почнуваме со погодок, а потоа следи серија 1-3 за делчевки. Во 35 минута влеговме со предност од 15 гола, поведувајќи со 27-12. По оваа следуваа минути кои им припаѓаат на делчевките млади ракометарки, тие влегуваат во серија 2-5  намалувајќи на 29-17 во 42 минута. Сепак вардарки се враќаат во дуелот веднаш по оваа серија 4-0 повторно одлепуваќи се овој пат на 33-17. Следува мирен период во кој двете екипи постигнуваат по три погодока во двете мрежи, предноста останува иста. Влегуваме во последните 12 минути со резултат  36-20 за младинките на Вардар ЦСЈС. Делчевки иако со играч помалку изнаоѓаат сили да направат серија 1-3 намалувајќи на 37-23 пошто на голот на Вардар повторно се враќа Мицевска која почна да прави чуда. Тоа резултираше со нова серија за црвено-црните девојки кои поведуваат со 44-25, правејќи серија 7-2 и влегувајќи во последните две минутни крајно комотно. Мечот заврши со резултат 46-28, последниот гол за нас го постигна голманот Јована Мицевска која изведе удар од 9.метри по завршување на 60минута. Таа додаде и пет нови одбрани откако влезе во вториот дел.

uu3

Вардар-Тодоровска-2, Николовска-8, Стамова-4, Нелоска, Гичевска-3, Кицевска, Мицевска-1, Карчева-3, Трпевска-3, Диневска-3, Станикиевска-2, Божиносска-10, Реџеп-4, Костадиновска, Филипова-2, Иванова-1.  Тренер: Платон Анжела, помошник Александра Кузмановска.