Вардаровата генерација родени “2003“ година стигна до својата седма последователна победа во регионалната скопска лига. Избраниците на Томче Трајановски на натпревар кој се одигра на академијата беа подобри од екипата на Њу Старс со резултат 2:1. Стрелец на двата гола за Вардар, вредни нови три бода беше Лео Андрески.
Погледнете ја фотогалеријата од новиот триумф на црвено-црните.