Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Влатко Колев: Сакам да ја заокружиме есента на најдобар можен начин и на пролет да ги нападнеме двата трофеи
Влатко Колев: Сакам да ја заокружиме есента на најдобар можен начин и на пролет да ги нападнеме двата трофеи

Влатко Колев: Сакам да ја заокружиме есента на најдобар можен начин и на пролет да ги нападнеме двата трофеи

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до својата осма победа во првенството, откако во рамките на претпоследното коло од есенскиот дел ја совладаа екипата на Шкупи. Се навикнаа нашите кадети оваа сезона да се враќаат на натпреварот од негатива и на крајот да слават. Таков беше мечот и против Шкупи, кога имавме почетна негатива од 1:0. Сепак до крајот на мечот со два удари од белата точка кои ги претворивме во голови успеавме да славиме победа. Стрелци на головите беа Никола Серафимов и Александар Трајчевски. Ова е многу важен триумф за Вардарци, кои остануваат во борбата за титулата со екипат на Работнички. Важноста на оваа голема победа ја потенцира и тренерот Влатко Колев кој еден од најзаслужните за добрите игри на оваа генерација на Вардар.

-Еден цврст и динамичен натпревар на кој домаќинот дојде во водство по една катастрофална грешка, која не е дозволива за играчи на оваа возраст. Не е лесно да се брка предност, по кој знае кој пат. Ние сме сигурно рекордери кога се во прашање резултатските пресврти. Јас секогаш сметам дека играчите можат и мораат повеќе да даваат на теренот. Тука треба многу да се размислува за време на играта, а не само да се трча. Тоа ги двои играчите на добри и лоши. Треба да мислиш во секое време, добро да се поставиш и да доприносеш за екипата. На овој начин излегуваат поединци, кои утре ќе бидат во можност да одговорат на повисоки задачи, а тоа е настап за првиот тим на ФК Вардар.

Во составот полека се враќаат едни од најдобрите играчи во овој состав, кои пропуштија голем дел од есенскиот дел. Тука се мисли пред се на Дејан Маркоски кој отуствуваше на поголем дел од натпреварите. Со нивното враќање во првите 11-сетмина, тимот добива на квалитет и сигурност во својата игра.

-Сигурно “хендикеп“ во последно време беше отсуството на Маркоски и Менкиноски, но двајцата полека се враќаат во стројот. Во последното есенско коло одиме на победа, секако ќе видиме што ќе се случува на тој натпревар. Едно можам да ветам, а тоа е дека ќе го даваме максиумот и дека ќе се бориме до крајот. Сакам да ја заокружиме есента на најдобар можен начин и на пролет да ги нападнеме двата трофеи. Секако дека ќе биде многу тешко, меѓутоа нема предавање.

kolev

Секој противник игра максимално против Вардар и секогаш гледа да му “откине“ некој бод.

-Секоја екипа која игра против Вардар, дава 200% од своите можности и се надминува во секој поглед. “Празник“ е за противниците кога играат со Вардар, подготвени се сите натпревари да ги изгубат, само да не добијат нас. Јас тоа го разбирам и тоа е нивно легитимно право. Реално би било кога со секој противник би имале таков пристап, изјави Влатко Колев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски