Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан и Душебаев донесоа бодови за своите репрезентации, на квалификациските натпревари за ЕП во Хрватска
Борозан и Душебаев донесоа бодови за своите репрезентации, на квалификациските натпревари за ЕП во Хрватска

Борозан и Душебаев донесоа бодови за своите репрезентации, на квалификациските натпревари за ЕП во Хрватска

Претстојниов викенд се одиграа квалификациски натпревари од второто коло за пласман на европското ракометно првенство, кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Актуелни со настапи за своите репрезентации беа играчите на Вардар.

Македонија беше убедливо поразена на гостувањето во Плзен од репрезентацијата на Чешка со резултат 35:28. Дека нема добро да заврши овој натпревар за нас покажаа првите 18 минути кога избраниците на Лино Червар имаа постигнато само 3 гола, наспроти 10 на Чешка. Следува наша подобра игра, со која успеваме да намалиме на 12:8, но кога мислевме дека ќе тргнат работите на подобро правиме неколку грешки во нападот, кои им дозволуваат на Чесите повторно да се одлепат на голема разлика. На полувреме резултатот беше 18:12. Во првите пет минути од второто полувреме, Македонија успева да ја преполови негативата на 12:9 и да ги постигне првите три гола на стартот од второто полувреме. Но како да немавме сили за нешто повеќе. На голот немавме расположени голмани, кои немаа дволна помош од своите соиграчи во одбраната. Тоа беше најмногу што можевме да смалиме од предноста на Чешка, која полека но сигурно градеше нова висока предност. На пет минути пред крај имаа двоцифрена предност од 33:23. Единствениот играч на Вардар во нашата селекција беше капитенот Стоилов, кој постигна еден  гол.

Кога сите помислија дека ќе тргнат на добро работите во српскиот ракомет, нашиот сосед уште еднаш не демантира. Псле убедливата победа на гостувањето во Полска, избраниците на Јовица Цветковиќ се поразени пред својата публика од селекцијата на Белорусија и тоа не било какво пораз, туку изразен во речиси двоцифрена негатива од 27:36. Уште од самиот старт се виде дека не одат работите на добро за Српската репрезентација, која имаше негатива од 2:7, а главен виновник за ова високо водство на Белорусија беше нивниот голман. Во продолжение од мечот, Србија успеа некако да фати резултатски приклучок и да намали на 6:9. Во овие моменти имаше и во неколку наврати играч повеќе, кој не успеаа да го искористат. Повторно гледаме пад во нивната игра, па Белорусија зголемува на 9:14. Ниту советите од клупата не и помогна на Србија, која се повеќе влегуваше во грешки, па на полувреме, Белорусија имаше водство од 13:20. За момент во второто полувреме се вратија надежите дека домаќинот може до пресврт, кога намали на само четири гола негатива 20:24. Но потоа следеа неколку неискористени напади во серија, што Белорусија знаеше на најдобар можен начин да го казни. На крајот убедлив триумф на Белорусите од 27:36, што беше нивни прв во групата. Абутовиќ и Марсениќ не успеаа да постигнат гол на овој натпревар.

Црна Гора и Русија одиграа со нерешен резултат во нивниот меѓусебен натпревар во рамките на групата 6. Тука гледавме доста израмнет натпревар, на кој на крајот поделбата на бодовите можеби беше најреален исхор на овој меч кој се одигра во градот Бар. Во првото полувреме се играше гол за гол на двете страни, а ниедна од двете репрезентации нема поголема предност од два гола. По истекот на првите 30 минути резултатот беше 12:11 во корист на Црна Гора. Во најголем дел од вториот дел, домашната селекција имаше водство, а Русија постојано бркаше негатива која сепак беше за достигнување. Во едне момент сепак Русите со серија од 0:3 успеваат да стигнат за наив највисоки два гола предност. Во последната минута се влезе со нерешен резултат, а ниедна од двете репрезентации не успеа да го искористи својот последен напад, така шо мечот заврши со конечни 24:24. Вуко Борозан беше вистински предводник на Црна Гора, постигнувајќи дури 10 голови. Кај Русија Шишкарев постигна два гола, додека Дибиров и Деревен не постигнаа гол.

Шпанија немаше поголеми проблеми на гостувањето во Финска, забележувајќи убедлив триумф од 21:36. Со половина од силите “фуријата“ стигна до својат втора победа во овој квалификациски циклус. На полувреме имаа водство од 12:17. Во второто полувреме, Шпанците прават серија од 1:6 за веќе двоцифрена предност од 13:23. Остатокот од натпреварот беше чиста формалност и пружање шанса за игра на сите ракометари кои му беа на располагање на тренерот Рибера. Најефикасен играч во составот на Шпанија беше Алекс Душебаев со 7 постигнати голови, додека Кањелас беше стрелец на четири погодоци.