Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери забрзано чекорат кон освојување на Шампионската титула со триумфот над А.Пандев, пионерите останаа без бодови
Помладите пионери забрзано чекорат кон освојување на Шампионската титула со триумфот над А.Пандев, пионерите останаа без бодови

Помладите пионери забрзано чекорат кон освојување на Шампионската титула со триумфот над А.Пандев, пионерите останаа без бодови

Пионерските екипи на ФК Вардар денес гостуваа во Струмица, кај екипата на Академија Пандев, на натпревари од 22.коло.

Помладите пионери остварија голема победа, која ги носи многу блиску до освојување на Шампионската титула. Момците на Сашо Јанев со добра игра, пред се во вториот дел од натпреварот успеаа да стигнат до триумф со резултат 0:2. По првото полувреме мрежите на двата гола мируваа, па на одмор се замина со резултат 0:0.

Во вториот дел со влегувањето во игра на Давор Лефковски живна играта на црвено-црните, токму нововлезениот Лефковски во 48.минута носи голема радост за Вардар, кој успева да го отвори резултатот на 0:1 откако погоди со глава на нафрлена топка од корнер кој го изведе Николовски. Бевме подобри од противникот, воспоставивме теренска иницијатива и само прашање на време беше кога ќе постигнат и вториот погодок. Тоа се случи во 65.минута кога стрелец на голот беше Марко Николовски кој со десна прецизно шутираше за водство од 2:0. На голот претходеше акција која ја започна Давор Лефковски, кој се ослободи од двајца играчи, даде топка до Алексоски кој упати прецизен центар шут до Николовски. На крајот голем триумф за Вардар со резултат 0:2.

Вардар: Максим Краљевски, Андреј Величковски, Драган Јанкоски, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Матеј Гаштаров, Стефан Коловски, Алтин Нурединовски, Дамјан Алексоски, Ангел Брзаковски и Александар Миовски.

Играа уште и Давор Лефковски, Михаил Танчев, Максим Цониќ и Дамјан Крстевски. 

Пионерите на Вардар беа поразени со резултат 4:2. Момците на Саше Божиноски први успеаа да го отворат резултатот со голот на Дамјан Цикарски во 30.минута, но само пет минути подоцна Костов донесе израмнување на 1:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Вардар повторно ја врати предноста од еден гол, во 55 минута противникот си постигна авто гол, тоа значеше наше водство од 1:2. Сепак домаќинот со голови во 57, 70 и 89 минута успеа да ги постави конечните 4:2 на овој натпревар во пионерската Супер лига.

Вардар: Илија Апостоловски, Зоран Фидановски, Матеј Митревски, Влатко Кулуковски (К), Лука Јакимовски, Тино Спасиќ, Михаил Кузмановски, Стефан Ристовски, Алексеј Стефаноски, Никола Уневски и Дамјан Цикарски.

Играа и Трајчевски, Радевски, Туша и Николовски.