Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Храбриот Вардар носен од фантастичната публика до нова победа!

Храбриот Вардар носен од фантастичната публика до нова победа!

Нова победа на Вардар и тоа победа повторно без примен гол. Грнчаров и ,,црвено – црните” фудбалери дојдоа до нови три бода пред одличната поддршка од трибините од вардарци и од ,,Комитите”. Стрелец вреден три бода беше Николов уште во деветтата минута од дуелот.

Уште во деветтата минута од дуелот Вардар дојде до предност од 1:0. Демир одлично продре по страна и му асистираше на Иван Николов кој од неколку метри стрелаше прецизно за водство на вардарци и голема радост помеѓу присутните на трибините. До крајот на првиот дел Вардар можеше да постигне уште еден погодок, но изостана реализацијата. Во вториот дел, Вардар одново го контролираше поседот на топката и играше свој фудбал, додека пак Силекс својата шанса воглавно ја чекаше преку некоја контра да го загрози голот на Илиќ. До крајот

Со оваа победа, остануваа шансите за бараж. Во последното коло Вардар мора да победи кај Кораб, додека пак Силекс на домашен терен да ја победи Воска.