Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Малме остана без својот дефанзивец за дуелите со Вардар
Малме остана без својот дефанзивец за дуелите со Вардар

Малме остана без својот дефанзивец за дуелите со Вардар

Стручниот штаб на шведскиот првак се соочува со сериозни и големи проблеми пред дуелите со нашиот Вардар. Поради сериозна повреда, Малме нема да може да смета на својот одличен дефанзивец Фелипе Карвалјо подолго време.

Како што пренесуваат од тимот на Малме, Карвалјо за време на вчерашниот тренинг заработил повреда на тетивата. Прегледите покажале дека станува збор за кинење на тетивата. Во текот на следната недела ќе биде извршена операција над Карвалјо.

Овој играч нема да може да настапи против Вардар на 12 и 19 јули.