Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите “2005“ и “2006“ на ФК Вардар ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Ѓорги Стојков -Пивка“
Генерациите “2005“ и “2006“ на ФК Вардар ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Ѓорги Стојков -Пивка“

Генерациите “2005“ и “2006“ на ФК Вардар ќе бидат дел од меморијалниот турнир „Ѓорги Стојков -Пивка“

Претстојниов викенд (24 и 25-ти јуни) генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени “2005“ и “2006“ година ќе бидат дел од Меморијален меѓународен фудбалски турнир „Ѓорги Стојков -Пивка“ . Ова ќе биде прво издание на турнирот, во чест на починатиот “Ѓорѓи Стојков-Пивка“, кој се очекува во следните години да прерасне во традиција. Тој е поранешен голман на Брегалница, а во тренерската кариера има работено како тренер на голмани во истиов клуб и тоа 4 години, потоа 4 години работи во екипата на Марек од Дупница (Бугарија), за последните две години од својот живот и тренерска кариера да биде дел од Мал Ајакс од Штип.

Токму неговиот последен клуб, Мал Ајакс ќе организира меморијален турнир, на теренот со вештачка трева во градот Штип, за генерации родени “2005“ и “2006“ година. Покрај Вардар, учество ќе земат и екипите на Брегалница, Мал Ајакс, Марек и Постолов Пандев од Штип.

Ви го претставуваме распоредот на одигрување натпревари за сабота:

Сабота, (24-ти јуни): 18:00 Мал Ајакс – Брегалница  ( генерација “2005“)

                                         19:00 Вардар – Марек

                                         18:00 Вардар -Постолов Пандев  ( генерација “2006“

                                         19:00 Мал Ајакс – Марек

Победниците во недела ќе играат за првото место, поразените за третото. Мечевите ќе започнат од 09:30 и 10:30 часот.По одигрувањето на финалните натпревари ќе се доделуват награди за најдобар стрелец, играч, додека главната награда ќе биде доделена за најдобар голман, во чест на “Пивка“ кој беше голман.