Еден од најдобрите поединци на кугларскиот клуб Вардар, Младен Донковски ќе ја менува средината. Тој се враќа во својот матичен клуб КК Империал Тобако ТКС. Управата на црвено-црните му овозможи повторно да се врати во клубот од каде премина кај нас со задоволство бидеќи имаа одлична соработка додека беше член на Вардар со Донковски кој даде 100% од себе.
За време на неговиот престој од 2 ипол сезони Донковски стана трикратен вицешампион во Македонската Кугларска лига и двократен Куп освојувач со вардарци. Тој играше на ниво, се даваше за екипата, секогаш со срце и мотив настапуваше. Во првите две сезони беше трет столб на Вардар веднаш зад дуото Влаќевски-Димитровски, а изминатата сезона беше втора “ударна игла“ на тимот предводен од Драги Димитровски. Донковски се враќа во матичниот клуб од каде премина во нашите редови, управата на вардарци е презадоволна од она што Донковски го вгради во својот престој во нашиот табор кога како прав вардарец гинеше на патеките во земјава и на европските натпреварувања во нашиот свет дрес. Особено за споменување е последното Куп финале кога Младен настапи во последната третта серија и кога во пресудните моменeти, кога беше најважно победи со 3-1 и го “скрши“ и “детронизираше“ КК Макпетрол, со што му донесе златен Пехар на Вардар.
Неговото последно интервју за нашиот сајт може да го најдете-тука. За крај едно големо благодарам и од Вардар фанс, за нашиот ирач, пријател и другар кој пулсираше во црвено-црн ритам овие две и пол сезони и постојано се трудеше и успеа да го издигне Вардар на врвот.