ФК Вардар може да се пофали со нај модерен тренинг центар на Балканот, а и пошироко. Мега проектот своето свечено отвoрање ќе го има веќе следната недела на 15.05.2016 (недела) На церемонијата ќе бидат присутни ситe играчи од Академијата и регионалните школи со своите родители. Објектот свечено ќе го отвори сопственикот, господин Сергеј Самсоненко.
Од Вардар на својата веб – страна го напишаа следното:
Воедно ве информираме дека истиот ден ќе биде поставен и камен-темелник на вториот дополнителен објект, кој ќе ја надополни како целина Фудбалската Академија. Истиот ќе располага со фан шоп на ФК „Вардар“, музеј за спортскиот клуб, кантина за релаксација на родителите и подземен паркинг. На локацијата е предвидено соодветно партерно решение со патеки, ознаки, осветлување итн. Осветувањето на објектот ќе го изврши поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан.
Сите услови што ги нуди Академијата, одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери, кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија, или во некои големи европски клубови.