Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Познати термините за финалните натпревари од купот на Македонија за Вардаровите генерации
Познати термините за финалните натпревари од купот на Македонија за Вардаровите генерации

Познати термините за финалните натпревари од купот на Македонија за Вардаровите генерации

Денес во просториите на фудбалската федерација на Македонија беа одредени термините за финалните натпревари од купот на Македонија, во младинските категории. Три Вардараови генерации ќе се борат за трофејот од ова натпреварување. Пионерите, кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар ќе ја имаат можноста да играат во финалето на купот. Пионерите ќе ја имаат можноста први да се закитат со трофејот од купот, доколку ја победат екипата на Милано. Кадетите и Младинците ќе играат во ист ден и тоа против своите врсници од Академија Пандев. Ова се термините на одигрување на финалните мечеви за нашите екипи:

Младинци: ВАРДАР – Академија Пандев, 19. мај 2016 (четврток), 14:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“

Кадети: Академија Пандев – ВАРДАР, 19. мај 2016 (вторник), 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“

Пионери: ВАРДАР – Милано, 10. мај 2016 (вторник), 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“