Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Георг Стојановски го “сруши“ Левски од Софија и ја однесе генер. “2004′ во големото финале
Георг Стојановски го “сруши“ Левски од Софија и ја однесе генер. “2004′ во големото финале

Георг Стојановски го “сруши“ Левски од Софија и ја однесе генер. “2004′ во големото финале

Голем успех за нашите млади надежи, генерација родени “2004“ на турнирот во Сандански (Бугарија). Утрово избраниците на Филип Арсовски беа подобри од своите врсници од екипата на Левски од Софија. Црвено-црните доминираа на теренот и на цел натпревар го диктираа темпото на игра. Најзаслужен за пласманот во големото финале беше најдобриот стрелец на оваа екипа, Георг Стојановски уште еднаш ги покажа своите голгетерски способности и го откажа противникот на овој дуел. Со неговиот хет-трик, Вардарци успеаа да влезат во големото финале на овој турнир.

За тронот, нашите млади надежи имаат пред себе уште една пречка. Во текот на денешниот ден ќе биде одигран и финалниот натпревар против силниот тим на ЦСКА од Софија. Им посакуваме многу среќа на нашите момчиња, кои сме сигурни дека ќе дадат се од себе да победат и на овој последен финален натпревар,