Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2002“ фуриозно го започна пролетниот дел во детската лига
Фк Вардар генер. “2002“ фуриозно го започна пролетниот дел во детската лига

Фк Вардар генер. “2002“ фуриозно го започна пролетниот дел во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одиграа натпреварите од првото пролетно коло во детската фудбалска лига. Убедлив старт за Фк генерација родени “2002“ година, кои речиси го прегазија својот противник на денешниот натпревар. Екипата на Сарај беше нова жртва за нашите млади надежи, кои како брз воз го поминаа противникот и забележаа убедлив триумф со резултат од 14:0.

Натпреварот се играше во две полувремиња по 35 минути. Првиот удар кон нашиот гол го имаше екипата на Сарај, но ништо опасно за голманот на црвено-црните. Во наредните минути започна офанзивата на младите Вардарци со први знаци дека за брзо време ќе ја затресат противничката мрежа. Првата најголема прилика ја имаше Харбин Речица, кој избир речиси сам пред голот на Сарај, но нивниот голман успешно го одбрани неговиот удар. Се играше 11 минута од мечот, кога Вардар поведе со 1:0 и го отвори резултатот. Одлична акција на црвено-црните, кој ја продолжи и заврши Дарко Димитров. Голгетерот умешно се снајде, се ослободи од противничкиот играч и биеше во долниот лев агол за почетно водство. Ова беше само почеток на серијата погодоци на Вардар. Набргу падна и вториот погодок, кој беше дело на Речица. Тргна акција од половината на нашата екипа, се отвори многу простор, но сепак Речица се одлучи сам да заврши и не погреши. Неговиот удар заврши слично како и при првиот погодок, небрането во долниот лев агол за предност од 2:0. Во следните 5 минути, проследивме уште две полуприлики за гол. Леонид Игнатов се обиде со директен удар од скратен корнер да го изненади противничкиот голман, кој сепак беше на висина на задачата и спречи поголема негатива. Трајановски се најде во гол шанса, кој пласираше од околу 20 метри, но без поголеми проблеми за Сарај.

На третиот погодок не се чекаше многу време, откако повторно Димитров со одличен лоб удар го изненади противничкиот чувар на мрежата за водство од 3:0. Во последните седум минути од првото полувреме паднаа уште два гола во мрежата на Сарај. Најпрво Игнатов зголеми на 4:0, почна акција од левата страна, топката беше додадена до Игнатов кој беше побрз од противничкиот играч и изби сам пред голманот, за нов погодок. До крајот на првиот дел во листата на стрелци се запиша и Трајановски, со погодок од слободен удар. Резултатот по првото полувреме гласеше 5:0.

Во вториот дел гледавме “шоу“ на новото засилување во редовите на Вардар, Атом Фазлиу кој успеаа да постигне дури шест погодоци. Сепак голеадата во вторите 35 минути ја започна Речица за водство од 5:0. Во следниот период следуваа четири последователни голови на Фазлиу, за веќе двоцифрено водство за избраниците на Петар Ѓорѓиевски. Сепак најубавиот погодок на овој меч беше дело на Андреј Стојанов, кој во режија на Артим Шаќири, успеаа да постигне гол директно од корнер, што доведе до воодушевување кај присутните гледачи. Следните два погодоци повторно беа дело на Фазлиу за веќе водство од 13:0. Вардарци не запреа во наападите, што резултираше со уште еден погодок во мрежата на Сарај, за конечни 14:0 на овој натпревар.

Фк Вардар: Костовски, Речица, Давидовски, Игнатов, Димитров, Станковски, Георгиевски, Симев, Пешевски, Гугуљанов, Трајановски.

Во вториот дел влегоа уште: Асенов, Величковиќ, Фазлиу, Томиќ, Веловски, Шабани, Стојанов и Величковиќ.