Утрово на терените на ФФМ се одиграа натпревари од детската фудбалска лига. Свој прв настап во новата година имаше фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2003′ година. Ова всушност беше заостанат натпревар од есенскиот дел, против екипата на Кул. Сигурна победа за избраниците на Ане Андовски, кои доминираа во текот на целиот натпревар и целосно ја оправдаа фаворитската улога. По четири голови во двете полувремиња, од вкупно 25 минути, за конечен резултат од 8:0 на овој натпревар. На теренот се играше 8+1.
Серијата на погодоци ја започна Ќосевски, откако при една мешаница во противничкиот простор, најумешно се снајде овој играч, кој прецизно стрелаше за водство од 1:0. На вториот погодок не се чекаше многу време, откако при еден изведен корнер, Филип Ѓорѓевски со нога ја допре топката, која заврши во голот на противникот, за предност од 2:0. Црвено-црните продолжија со офанизвната игра и никако не помислуваа да запрат со нападите. Третиот гол беше од удар од белата точка, а прецизно стрелаше Филип Ѓорѓиевски за водство од 3:0. До крајот на првото полувреме постигнавме уште еден погодо, дело на Прелоговски, кој ја започна акција од левата страна со брз продор изби сам пред голманот и ја пласираше топката во долниот десен агол на противничкиот голман, за водство од 4:0. Ова беше резултат по првото полувреме.
Рутинирана игра во вторите 25 минути, за избраниците на Ане Андовски, кои продолжија со сигурна игра да го надигруваат тимот на Кул. Прв кој отвори во второто полувреме беше повторно Прелоговски за водство од 5:0. Во наредниот период Марио Петрушевски само ја потврди доминацијата на Вардарци, за нов погодок и предност од 6:0. Втор гол на овој натпревар за Филип Ѓорѓиевски и повторно со удар од пенал, за високо водство од 7:0. Конечниот резултат на овој натпревар го постави Марио Петрушевски, со својот втор погодок, за резултат од 8:0. Игра која задоволува за оваа генерација, која останува со максимален број на освоени бодови во детската лига, во својата конкуренција.