Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар стартуваше со победа, Ренова лесен залак за црвено-црните

ФК Вардар стартуваше со победа, Ренова лесен залак за црвено-црните

Денес црвено-црниот фудбалски колектив го имаше својот прв натпревар оваа пролет, наш противник беше екипата на тетовска Ренова. ФК Вардар успеја да издвојува победа со 4-1, на полувреме резулатот беше 2-0.

Натпреварот започна со претпазлива игра на двата тима, Вардарци ја имаа иницијативата, Првата шанса за црвено-црните ја имаше Јасир Асани во 7 минута кога неговиот удар го исфрли во корна гостинскиот голман Ефремов. По изведувањето на ударот од аголот со глава биеше Грнчаров, но Ефремов повторно лесно прифати. Во 10 минута по изведен корнер за нашиот тим, топката дојде до Спировски кој се обиде од 20 метри, но топката заврши крај дирекот. Којашевиќ во 15 минута се обиде од десната страна на теренот дирекно да бие, но топката заврши над гредата од голот на гостите. Следуваа мирни 5 минути на теренот. Вардар го отвори резултатот во 23 минута по прекрасен центар-шут на Спировски деби гол за Ќеран, кој со глава стрелаше зад грбот на Ефремов. На западната трибина Комити верно ги бодрат својте миленици во нивниот препознатлив стил. Гафури ја имаше најдобрата прилика за гостите, кој биеше од 20-сетина метри, а топката мина неколку сантиметри крај голот. Се играше 37 минута од натпреварот, Фелипе во соло пробив по левата страна нафрли, топката го удри Абдула кој си постигна автогол за 2-0.
На почетокот од вториот дел Седлоски на местото на Асани во игра го уфрли офанзивниот Дејан Блажевски. Во 48 минута Комити извадиа кореографија за прерано починатиот нивни член Штракало што беше дочекано со аплауз од целото гледалиште. На теренот мирна игра во воведните минути од вториот дел црвено-црните рутинирано го трошат времето и го чуваат солидното водство од првите 45минути. Фелипе имаше еден обид во 57 минута кога топката ја носеше 20сетина метри беше блокиран па реши да доде Блажевски, но одбраната на Ренова лесно расчисти. Во 58 минута втора измена кај Вардар на местот на Којашевиќ влезе во игра Ацо Стојков. Мишковски во 60 минута се обиде да го намали водството на вардарци со удар од 20 метри но топката мина на 1 метар крај стативата на Пачовски, кој денес немаше многу работа. Во 65 минута прва посериозна шанса за Вардар по центаршут со глава шутира Хоф, сепак недоволно опасно за постигнување на трет погодок. Во 68 минута гоол за Вардар одличен продор на Блажевски кој одлично асистира до Черан кој погодува по втор пат на неговиот деби дуел. Во 71 минута играта ја напушта Черан, од публиката бурно е поздравен за одличната игра и двата погодока на првиот меч во нашиот тим, на негово место влегува Ивановски.Вардарци тргнаа да го дотолчат противникот, Блажевски во соло налет во 78 минута поуспешен од целата одбрана на “гипсарити“ и до голманот Ефремов, погодува за 4-0. Ренова се обидува да постигне почесен гол во продолжение, но вардаровата одбрана денес е компактна.