На вчерашниот прв ден од подготовките за пролетниот дел за сите четири категории кои се одржа во тренинг кампот во Хиподром свои задачи имаа и голманите. Тие работеа под будното око на еден од тренерите во младинските категории за голмани екс голманот на Вардар а сегашен тренер Љупчо Кметовски. Младите голмани се покажаа одлични на првиот зимски тренинг, а Кметовски се обиде да им пренесе дел од своето огромно акумулирано голманско искуство на вардаровите надежи.