Вчера во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Гратскиот трговски центар-Скопје се одигра мечот од четвртото коло помеѓу домаќинот Кк ГТЦ и нашиот црвено-црн кугларски колетив. Во еден тежок и напорен меч кој беше неизвесен до крај избраниците на Драги Димитровски славеа минимална победа со резултат 3-5. Вардар и по ова коло остана со максимален 100% ефект, наредивме 4 победи од исто толку меча, а што е поважно дури 3 беа на гостински терен.
Вардарци после првиот пар губеаа со 2-0 од домаќините, што преставуваше голема опасност за исходот од овој важен дуел на скопските ривали. Веќе во вториот пар црвено-црните го покажаа вистинскот лице и изедначија на 2-2 со што се вратија целосно во мечот. По третиот пар резултатот беше нерешен 3-3, но поради повеќе соборени “дрва“ победата замина кај црвено-црните. Вардар овој меч го доби со резултат 3:5 (11:13) 3297:3354. Кај нас најистакнат поединец беше Димитар Димитровски кој имаше резулат од 610 “соборени дрва“ што беше одлично ако се знае дека заради обврски пропушти голем дел од подготовките кои следуваа пред овој меч, а почнаа по божиќните празници. Втор по најдобар скор имаше Влаќевски Бојан со 584 “соборени дрва“, трет беше Миле Димковски со 554, четврти скор имаше Дане Јакимовски со 551, па следуваа Дарко Димитровски со 550 и Младен Донковски со 505 “соборени дрва“. Најважно за нас е што по ова четврто коло во следното најважно пето коло во кое следува мега дербито со шампионот Кк Макпетрол влегуваме со 100% ефект. Дербито на Македонската кугларска лига е закажано за на 30 јануари на домашен терен во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“.