Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Натпревари во машка конкуренција во “Јуниор лигата“ одиграни на Кале
Натпревари во машка конкуренција во “Јуниор лигата“ одиграни на Кале

Натпревари во машка конкуренција во “Јуниор лигата“ одиграни на Кале

Денес во спортскиот ракометен центар Кале продолжија натпреварите во рамките на “Јуниор лигата“ во машка конкуренција. Победи во своите дуели забележаа екипите на Академија 2 и Академија 3.

На натпреварот во генерација родени 2000/01 екипата на Академија 2 беше посупешна од Академија 1. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 13:21. По првото полувреме резултатот беше нерешен 9:9. Во првата половина на овој дел се играше доста израмнето, се до моментот кога Академија 2 поведе со 6:8. Сепак до крајот на првиот дел тимот на Академија 1 успеаа да го израмни резултатот.

Во второто полувреме следевме голем пад на Академија1, која успеаа да постигне само четири голови.  Уште на стартот на вториот дел, Академија  успеаа да се одлепи на позитива од 10:14. Набргу оваа разлика се зголеми и на шест гола, а во последните моменти од мечот да достигне и највисоки осум позитива.

На вториот натпревaр во истава генерација Академија 3 успеаа да забележи триумф во дуелот со Илинден со резултат 14:17. Се играше израмнето во првото полувреме кога при резултат 4:4, победничката екипа успеаа да се одалечи на два гола позитива. Ова водство го одржуваа до крајот на првото полувреме, кога резултатот гласеше 7:9. Второто полувреме Академија 3 го започнаа со два гола во серија за највисоки 7:11. До крајот на натпреварот беа подобар тим и сосеам заслужено ги освоија бодовите.