После малку подолга пауза поради турнирот “Вардар, еден живот ,една љубов кој беше актуелен во периодот од 12-20-ти јануари, викендов продолжуваат натпреварите во Јуниор лигата.
Утрово во спорсткиот ракометен центар Кале се одиграа два натпревари во женска конкуренција. Екипата на Рк Кастратовиќ беше подобра од Рк Ново Лисиче, додека Академија 1 ја победи Академија 2.
Во генерација родени 2002/03 година, Рк Кастратовиќ со резултат 22:15 успеаа да забележи победа во дуелот со тимот на Рк Ново Лисиче. Отпорот на поразениот тим беше скршен дури во второто полувреме, откако по првиот дел резултатот гласеше 7:7. Рк Кастратовиќ започна одлично и поведе со резултат 4:2, но следуваше брз одговор на екипата од другата страна, со три голови во серија го презема водството од 4:5. До крајот се играше израмнето, па на пауза ниедна од двете екипи нема предност.
Второто полувреме помина во знак на Рк Кастратовиќ, кои како одминуваше натпреварот, постепено но сигурно ја зголемуваа предноста. При резултат од 14:11, успеваат да направат серија од пет голови за високи 19:11, што беше решавачкиот чекор кон победата.
Во вториот натпревар Академија 1 беше посупешна од Академија 2. Во овој меч имаше резултатска неизвесност во најголем дел од натпреварот. По првото полувреме резултатот гласеше 7:5. На почетокот на дуелот Академија 1 поведе со 2:0, но Академија 2 комплетно го врти резултатот на 2:3. Сепак до крајот подобриот тим на овој дуел успева да замине на пауза со два голови предност. Во второто полувреме на 6 минути пред крајот на мечот, Академија 2 успеаа да го израмни резултатот на 10:10. Сепак во решавачките моменти следеше серија од 3:0, за конечна победа на Академија 1 со резултат 14:11.