Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар утрово го одржаа првиот тренинг во новата година. Тие во тренинг центарот на црвено-црните во скопската населба Хиподром одржаа тренинг на половина терен на вештачката трева, додека на другата половина работеа Пионерите на црвено-црните. Младите вардарови фудбалери под будното око на тренерот Сашо Јанев ги одработија првите 90 мин. тренинг во новата сезона. дел од атмосферата на овој тренинг погледнете низ фотографиите на Вардар фанс.