Денес рано наутро избраниците на Влатко Колев го одржаа првиот тренинг во новата година. Тие во тренинг центарот на црвено-црните во скопската населба Хиподром одржаа тренинг на половина терен на вештачката трева. По одработувањето на задачите зададени од страна на шефот на стручниот штаб, Кадетите на Вардар последниот половина час одиграа спаринг-меч со младинците на Љубчо Марковски-Калц, кои тренираа на другата половина од теренот со вештачка трева.