Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Голманските Вардарови “бисери“ во младинските фудбалски категории
Голманските Вардарови “бисери“ во младинските фудбалски категории

Голманските Вардарови “бисери“ во младинските фудбалски категории

Изминатиов викенд се одиграа елиминациските натпревари од детската фудбалска лига. Сите Вардарови генерации имаа успешни настапи и се изборија за учество на завршниот турнир на најдобрите осум екипи од цела Македонија. Радува фактот што нашите голмани од генерациите родени “2003“, “2004“ и “2006“ година година на вкупно десет одиграни натпревари примија само два погодоци. Лука Стојковски и Гоце Јовчев кои бранат за генер. “2003“ ја зачуваа својата мрежа незатресена на два натпревари, на кои нивните соиграчи постигнаа вкупно осум голови.   Секако голема заслуга има и целиот тим, кој допринесува да нема опасности кон нашиот гол. Одлично издание и за двајцата наши голмани од генерација “2004“ година. Стефан Тасев и Васко Василев на четири одиграни натпревари примија само еден погодок. Двајцата бранеа по два натпревари за своите екипи, кои на крај излегоа како најдобри во скопско-кумановскиот регион.

vardarfans muto so golmanite

Можеби најголем подвиг во овој дел од натпреварувањето на својот гол го направи Андреј Данстак, кој на четири одиграни натпревари прими само еден гол, што е за сите пофалби. Данстак сигурно беше еден од најзаслужните за пласманот на генер. “2006“ на завршниот турнир. На мечот со Ново Лисиче, кој го добивме дури по изведување на удари од белата точка, талентираниот Данстак скроти два удари на противникот. Неговата мрежа остана незатресена и на мечевите со Работнички и Албион, додека единствениот примен погодок беше против Ринија.

vardarfans-5

Да не ги заборавиме ниту останатите наши голмански бисери. Марко Станковски и Матеј Величковски (2002), Марко Бреслиев и Леонид Илиевски (2005), Мартин Ивановски (2006) и најмладиот Лука Јаневски (2007). Да го споменеме и Горазд Гигов, кој тренира со нашиот клуб, а во детската лига настапуваше за екипата на Форца. Одлични “перформанси“ поседува и ова момче, кај кое има голем потенцијал и голмански инстикт.

vardarfans luka

Кога имаш вакви чувари на мрежата, многу е полесно и да оствариш добар резултат. Несомнено дека тренерот на голманите во ФК Вардар, легендата Слободан Мутибариќ направил добра селекција на млади и талентирани чувари на мрежата, но и квалитетна и напорна работа со сите нив.

vardarfans stankovski i velickovski