На едно коло до крајот на натпреварувачката сезона, младинците на фудбалскиот клуб Вардар ја обезбедија титулата во лигата. На гостувањето во Тетово, минимално со 0:1 беше совладана екипата на Ренова. Стрелец на единствениот гол беше Стефан Тасески во 54 минута. Така во последниот првенствен натпревар влегуваме со четири бода повеќе од второпласираната екипа на Академија Пандев. Црвено-црните ќе имаат можност и за двојна круна, доколку во големото финале на купот бидат поуспешни од Струмичани. Овој натпревар ќе се одигра во четврток на тренинг центарот “Петар Милошевски“.
-Се играше на тежок терен каде и ветерот доста ни одмогнуваше. Можам да кажам дека ја заслуживме победата на ова тешко гостување со цврст противник како Ренова, бидејќи создадовме многу шанси и во двете полувремиња. Реално очекувавме дека ке го освоиме првенството и покажавме прав карактер. Но ние нема да застанеме тука зошто во четврток ке играме во финалето на купот и секако ке одиме на двојна титула. Противникот ни е познат и ке влеземе доста мотивирани во тој меч, изјави Андреј Ричков за нашиот сајт.
Звонко Ивановски