Младинците на РК Вардар Јуниор го освоија третото место на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во младинската лига, кој се одигра во спортско рекреативниот центар Кале. Во борбата за третото место, избраниците на Зоран Петковски беа подобри од екипата на Пролет (29:27).
Претходно во полуфиналниот натпревар бевме поразени од тимот на Металург 2, кој на крајот го освои првото место, откако во финалето беше подобар од РК Пролет 62 ( 25:20). Треба да се напомене дека нашите младинци се натпреваруваа во генерација, која е две години повозрасна од нашиот состав. Металург уште на почетокот на сезоната беше најголем фаворит за освојување на трофејот. Тие се екипата која оваа година се натпреварува во најсилната супер-лига, што беше доволен податок за нивниот континуитет на силни натпревари, за разлика од Вардар Јуниор, кој за цела сезона одигра само 12 натпревари, што е малку за една екипа која сака да се бори за највисокото место.