Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарци овој викенд донесоа уште три нови пехари
Вардарци овој викенд донесоа уште три нови пехари

Вардарци овој викенд донесоа уште три нови пехари

Откако Пионерите на ФК Вардар не израдуваа со куп трофеј изминатата недела. Овој викенд во витрините на Вардар пристигнаа уште нови три трофеи. Најпрвин, во саботата младинците на ФК Вардар со победата над Ренова во Тетово и официјално стигнаа до титулата во младинската прва лига. Ова е голем успех за нашите младинци, кои веќе во четврток ќе атакуваат и на купот на Македонија во финалниот натпревар.

РК Вардар исто така во саботата не израдува со уште еден куп трофеј, вкупно 11 во својата историја. Нашите момци издвојуваа лесни две победи во 1/2 финалето против РК Охрид, односно во финалето против РК Металург, за и официјално да стигнеме до нова, втора титула оваа недела.

За хет – трик овој викенд се погрижија девојките на ЖРК Вардар. Според очекувањата девојките на Вардар имаа најлесна задача да стигнат до титулата во Купот на Македонија. Нашите девојки издвојуваа две лесни победи во 1/2 финалето против ЖРК Куманово, односно вчера, во финалето против домаќинот на овој турнир ЖРК Металург.

Честитки до сите екипи, кои ни донесоа уште три трофеи овој викенд. Но, тоа не е се. Веќе во четврток го очекуваме најважниот трофеј во нашата прва фудбалска лига за ФК Вардар. Покрај, ФК Вардар и младинците на ФК Вардар исто така во четврток ќе атакуваат на куп титулата против ФК Академија Пандев.