Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На денешен ден, минатата година славевме титула!
На денешен ден, минатата година славевме титула!

На денешен ден, минатата година славевме титула!

Токму на овој ден 16.05.2015 ФК Вардар ја освои и официјално деветтата титула во првата македонска фудбалска лига. На овој ден го одигравме натпреварот против Ренова од Тетово, на кој славевме со убедливи 4-1, со што и официјално станавме нови шампиони на Македонија по деветти пат во својата историја.

Минатата година шеф на стручниот штаб беше Сергеј Андреев, а головите за ФК Вардар ги постигнаа: Два погодоци даде веќе екс играчот на Вардар, Сенијад Ибричиќ, потоа стрелаа и Горан Попов и Стефан Спировски, кои и оваа година ја освоија титулата со ФК Вардар, по втор пат за нив во својата кариера. Изминатата сезона 2014/15 Вардарци успеаа да освојат 69 бодови. што беше доволно за прво место. Одма зад нас на табелата беше градскиот ривал ФК Работнички.