Во саботата во спортско ректеативниот центар “Јане Сандански“ се одиграа 1/2 финалните мечеви за генерација 2000/2001 во машка и женска конкуренција. Девојките од тимот на РК Делчево Вардар во генерацијата 2000/2001 сосема очекувано се најдоа во финалето во својата генерација. Делчевки во полуфиналниот дуел беа подобри од тимот на Академија 2 победувајќи со 35-11. Делчево во финалето ќе играат против тимот на РК Филип Вардар кој беше поуспешен во другото полуфинале од лигата, а пак во меч за трето место ќе играат Академија 2 и Кузман.
Во мечот од полуфиналето помеѓу екипата на РК Делчево Вардар и Академија-2 први со два последователни гола мечот го отворија девојките од Академија-2. На оваа предност девојките од Делчево вратија со серија 3-1 и изедначија на 3-3. Потоа следуваше игра гол за гол на двете страни, стрелците погодија по двапати во двете мрежи за резултатска симетрија на семафорот 5-5. по ова изедначување следуваше “студен туш“ за Академија-2 , нивните противнички се во пеколна серија во одбраната се напробојни, а тоа го казнуваат во нападот. Делечво прави серија 6-0 и поведува со фантастични 11-5. Академија-2 се обидува да се врати од безната успева да погоди еден гол, но нивните противнички беа немилосрдни и со серија 3-0 ја дотолчуваат нивната негатива, на одмор се заминува со резултат 14-6. Вториод дел во кој делчевски влегуваат со повеќе од двојна предност во однос на Академија-2 требаше само рутински да го одработат за да го обезбедат финалето нешто на кое сите се надеваа за овој тим кој беше доминантен во генерацијата за ракометарки родени 2000/2001 година во текот на т.н регуларна сезона. Тие продолжуваат со серијата и таа иде на 6-0 заедно со последните три погодока од првиот дел, по само 5 минути игра резулатот е 17-6 по што веќе прашање е единствено разликата со која ќе се заврши овој дуел. Докрајот предноста само раснеше делчевски постигна уште фантастични 18 гола, а нивната мрежа се тресеше само 5 пати до крот од мечот. Најефикасна кај победникот беа убедливо беше Ангелоска со 13 погодоци во мрежата на Академија-2, понеа следуваше Димитровска со 6 и Спасевска со 4 погодоци.