Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) Головите на Вардаровите категории, во дуелите со екипата на Еуромилк
(ВИДЕО) Головите на Вардаровите категории, во дуелите со екипата на Еуромилк

(ВИДЕО) Головите на Вардаровите категории, во дуелите со екипата на Еуромилк

Во рамките на 15 коло од првенството на младинските фудбалски категории, Вардаровите генерации за противник ја имаа екипата на Еуромилк. Беа забележани три победи и еден нерешен резултат.

-Помладите пионери беа убедливи и славеа победа со резултат 8:0. По првото полувреме резултатот беше 4:0. Стрелци на головите  беа Давид Астарџиев (2), Мартин Спировски, Виктор Петкоски, Александар Ѓурковски, Дамјан Бојковски, Ибрахим Ариф и Виктор Мирчевски. Погледнете го видеото од сите погодоци на пом. пионери.

-Пионерите без поголеми проблеми славеа во дуелот со своите врсници од Еуромилк. По пет погодоци во двете полувремиња, за конечни 10:0. Четири голови постигна Дардлиша, по два М. Ѓорѓиевски, Битиќи и Ѕурѕу. Видеото од головите на пионерите.

Победа забележаа и кадетите и тоа со погодоците во вториот дел. По првото полувреме резултатот беше израмнет на 1:1. Головите беа дело на Александар Трајчевски (2) и Гоце Насковски.

Единствени кои не забележаа триумф во дуелите со Еуромилк, беа нашите младинци. По првото полувреме резултатот беше 0:0. Во вториот дел Еуромилк поведе со гол од пенал, додека бод за Вардар донесе Ердон Даци.