Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар овој викенд го доби натпреварот службено
КК Вардар овој викенд го доби натпреварот службено

КК Вардар овој викенд го доби натпреварот службено

Овој викенд се одигра и последното коло во втората кошаркарска лига на Македонија. Во него нашиот КК Вардар требаше да одигра натпревар на гости против тимот на Водњански Лисици, но натпреварoт не се одигра и нашиот тим го доби овој натпревар со службен резултат. Тоа значи дека нашиот тим и дефинитивно ја заврши сезоната со победа, односно во пролетниот дел без пораз, на второто место.

Во првата лига како шампион на втората по квалитет кошаркарска конкуренција се промовираше екипата на АВ Охрид, вардарци како второ пласирани ќе ја очекуваат се поизвесната одлука на КФМ за проширување на Првата лига од 8 на 10 екипи за да го заземат местото во елитата. Доколку тоа се случи Вардар ќе успее за 2 години да од третата да стигне во првата лига.