Вардарки трета последователна сезона успеваат да се пласираат на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во лигата на шампиони. Иако бевме поразени на реваншот во Ларвик, поради убедливата победа во Скопје се најдовме на нов Ф4, кој и оваа сезона ќе се игра во Будимпешта. Две ракометарки на црвено-црните се најдоа во изборите на ЕХФ ТВ за второто 1/4-финално коло во Лигата на шампионите. Одличната Амандин Лејно и оваа недела со двојна интервенција на гостувањето кај Ларвик се најде на првото место, интересен факт е што таа беше прва во овој избор и минатата недела. Второто признание е за Ања Алтхаус нејзиниот прекрасен гол се најде на второ место во топ-5 голови.
Од изборот за најубава одбрана може да погледнете видео ТУКА , а од најубавите пет гола ова коло може да погледнете видео ТУКА.