Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Гостивар и Академија 2 ремизираа, победа за РК Ново Лисиче, во Јуниор лигата генер. 2004/05
РК Гостивар и Академија 2 ремизираа, победа за РК Ново Лисиче, во Јуниор лигата генер. 2004/05

РК Гостивар и Академија 2 ремизираа, победа за РК Ново Лисиче, во Јуниор лигата генер. 2004/05

Нови натпревари во ракометната “Јуниор“ лига беа одиграни во саботата во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански. Во генерација родени 2004/05 година беа одиграни натпревари во машка и женска конкуренција.

Натпреварот во машка конкуренција помеѓу екипите на РК Гостивар и Академија 2 заврши со поделба на бодовите. Мечот заврши со нерешен резултат 5:5. Ниту во првото полувреме немаше предност за еден од двата тима, кога на полувреме резултатот беше 2:2. Двете екипи во вториот дел дојдоа до предност, сепак на крајот нерешениот резултат можеби беше најреален исход.

РК Ново Лисиче беше поуспешен во дуелот со екипата на Опш. Кисела Вода, во конкуренција кај девојчиња. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 6:1. Интересно е тоа што Кисела Вода прва поведе со 0:1. До првото полувреме Ново Лисиче имаше предност од 3:1. Уште три погодоци во второто полувреме, за конечен триумф од 6:1 на овој дуел.