Давид Голубов е роден на 11.07.2006 година во Скопје, активно се занимава со фудбал од 2011 година. Почетоците ги започна во фудбалскиот клуб Спорт Ефе, потоа отиде во фудбалскиот клуб Форца од Аеродром, чиј тренер е Јовче Џипунов а летно време тренираше во Фудбалскиот клуб Фер Плеј од Охрид. Во ФК Спорт Ефе тренираше една година, во ФК Форца три години. Моментално овој црвено-црн бисер настапува за фудбалскиот клуб на Вардар за генерација “2006“ , каде со големи успеси го носи овој дрес. Неговата биографија е богата и исполнета со големи достигнувања, медали и лични награди од турнирите каде Давид до сега има настапувано.
-До сега има учествувано на многу турнири и натпревари. Има стекнато многу награди меѓу кои: златен медал-во Охрид 2014 година, во Битола 2014год. ,во Охрид 2015год., во Струга 2015год. Сребрени медали: во Охрид 2014год., во Струга 2014 год. ,во Златибор, Србија 2015год. и бронзен медал: во Охрид 2015год. Два пати е прогласуван за најдобар стрелец и тоа 2015 год. во Златибор, Србија и 2015 год. во Охрид. По доаѓањето на тренерот Игор Кралевски во ФК Вардар за генерација 2006 год. ,по негова иницијатива Давид Голубов преминува во ФКВардар. Тука има освоено две први места од два турнири.
На турнирот кој беше одржан по повод 13 ноември ден на градот Скопје, Давид беше прогласен за најдобар стрелец во генерација 2006 година. Истото признание го доби пред нешто повеќе од месец дена кога беше прогласен за најдобар голгетер и на турнирот “Кул куп 2015“ кој се играше во населбите Карпош и К. Вода. Воедно неговата екипа го освои првото место и на двата споменати турнири годинава, каде Давид беше во главна улога. Ова злaтно момче е најдобар стрелец и во детската лига за својата генерација. На турнирот по повод 13 ноември, избраниците на Кралевски во финалниот натпревар беа подобри токму од организаторот на овој настан, тоа беше фудбалскиот клуб на Смиљковци.
-Многу сум задоволен од играта на тимот и од својата игра, дадов се од себе. Чувството да се биде прв стрелец и најдобар играч е преубаво, горд сум затоа што сум најдобар во тоа што го правам и се надевам дека и понатаму ке продолжам со успех. Љубовта за фудбал ја добив уште како мал дружејки се со топката и имам голема желба да станам славен фудбалер, а тоа може да го постигнам само со голем труд и упорнсст, изјави Давид Голубов за Вардар фанс.
Звонко Ивановски